Можно е Олимписките игри да не се одржат и во 2021 година

Пандемијата со коронавирус може да го одложи одржувањето на Олимписките игри и во 2021 година, информираше извршниот директор на организацискиот комитет на ОИ во Токио, Тоширо Муто.

„Мислам дека никој не може со сигурност да каже дали коронавирусот може да се стави под контрола. Сè уште не можеме да дадеме јасен одговор. Мораме во целост да се фокусираме на подготовка и решавање на тековните проблеми. Човештвото мора да го примени сето свое знаење за да ја победи оваа болест“, рече Муто.

Тој наведе дека како организатори не размислуваат за алтернативни планови. Летните олимписки игри требаше да се одржат годинава, но поради корона-кризата се одложени за 2021 година, од 23 јули во 8 август.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО