Рускиот шампион Камотски и бразилскиот ѕвер Зулузињо се спукаа во затвор (ВИДЕО)

Популарниот руски шампион во удирање шлаканици, Василиј Камотски, против ММА-ѕверот од Бразил, Зулузињо, во пресметка за пари во еден неидентификуван затвор.

Камотски минатата година стана феномен на интернет кога победи на локалното натпреварување во удирање шлаканици во Сибир во март 2019 година, а сега во последната пресметка за награда од 150.000 рубли (околу 2.000 долари) тој се упати во затворска келија.

Противникот овој пат беше огромниот бразилски ММА-борач, Вагнер да Консеисао Мартинс, попознат како Зулузињо. Џиу-џицу специјалистот со ММА-скор од 14-9, Зулузињо, поголемиот дел од мечевите го имаше во Прајд и К-1, а имаше борби и со ММА-легендите Антонио Ногуера и Федор Емелијаненко.

Борбата почна со удар на Русинот, но тој не го помрдна Бразилецот и остави само бела трага на неговиот образ. Зулузињо врати со удар, кој, според правилата на овој бизарен спорт, беше неправилен бидејќи го погоди во увото. Во следниот обид Русинот го закачи противникот во окото и увото и двајцата мораа да добијат помош за закрепнување.

Третиот обид на Камотски беше најимпресивниот по што Бразилецот доби медицинска помош пред тој да врати во петтата рунда. Сепак, на крајот мечот заврши со реми, а наградниот фонд беше поделен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО