Мајк Тајсон: Фјури е најдобриот првак од моето време и сум горд што го носи моето име

miketyson-phototelegraphcouk

Новиот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури доби пофални зборови од човекот по кој го доби своето име – поранешниот шампион Мајк Тајсон

Фјури стана вистинска ѕвезда по освојувањето на титулата во тешка категорија со победата над Владимир Кличко, но исто така беше и во центарот на контроверзите со некои коментари и верувања. Сега 27-годишниот Британец доби пофалба од Мајк Тајсон.
„Среќен сум што тој е шампион. Можете да кажете што сакате за Тајсон Фјури, да го исмевате, меѓутоа има еден човек во САД со име Мајкл Џерард Тајсон кој е горд што го носи неговото име. Јас сум на его-трип. Светскиот шампион во тешка категорија го носи моето име. Тој е најдобар светски шампион по мене. Не е важно што кажуваат другите“, вели Тајсон.
За лошата страна на карактерот на Фјури, Тајсон, кој и самиот носи серија контроверзи во својата кариера, беше јасен.
„Знам дека ќе звучам лошо, но тој може да кажува што сака. Знаете кои луѓе ќе се угледаат на него? Луѓето кои немаат никакви шанси во животот. Затоа сум горд на него“, додаде Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО