Луис Ортиз: Јас ќе сум следниот светски првак во супертешка категорија

Luis Ortiz

„Привремениот“ светски шампион во супертешка категорија на ВБА, Луис Ортиз, е уверен дека во 2016 година ќе освои полноправна шампионска титула.

„Гледам дека сите во супертешка категорија зборуваат за натпревари меѓу себе, но никој не сака да го споменува моето име. А тие се обврзани да го прават тоа, бидејќи јас ќе станам следниот светски шампион”, изјави кубанскиот боксер за BoxingScenе.

Луис Ортиз ја одбрани титулата „привремен“ шампион на Светската боксерска асоцијација, кој кон крајот на декември го нокаутираше Американецот Брајант Џенингс. Борбата се одржа во Верона и со неао левукарот Ортиз ја забележа 24 победа од исто толку средби и со 21со нокаут.

Постојана шампион на ВБА е Узбекистанецот Руслан Чагаев, а титулата ВБА Супер му припаѓа на Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО