Борачите отаптуваа на подготвки во Бугарија (ФОТО)

Boracite kaj Cifliganec

Македонската репрезентација во борење (слободен стил), денес отпатува на планирани подготовки во спортскиот центар Тетевен, Република Бугарија.

Boracite kaj cifliganec 3

Таму ќе останат до 28 јануари и ќе земат учество на Меѓународниот турнир „Дан Колов“ во Софија од 29-31 јануари.

По турнирот, нашите репрезентативци ќе ги продолжат подготовките до 04.02.2016 од каде ќе заминат на Меѓународниот турнир „Јашар Догу“ во Истанбул, Турција. На овие подготовки патуваат борачите Дејан Митров(Балканец), Јасин Реџалари(Лирија), Иван Јанев(Бучим), Елмедин Сејфелау(Лирија) и Менка Стојановска(Безбедност), како дел од женскиот тим. Нашата репрезентација на овие подготовки е водена од тренерот Лулзим Вренези и претседателот на стручниот совет и координатор на репрезентациите Страшо Глигоров.

Boracite kaj cifliganec 2
Од пред неколку дена во спортскиот центар „Белмекен“, Бугарија, заедно со полскиот и романскиот национален тим се подготвуваат и нашите натурализирани борачи Лабазан Аскербиев и Нуров Могомедгаџи до 28 јануари. Исто така и тие ќе учествуваат на турнирите „Јашар Догу“ и „Дан Колов“, кои ќе бидат прв тест за нивната подготвеност за обезбедување на олимписка норма на претстојните три квалификациони турнири за ОИ Рио 2016.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО