Ристо Димитров-Чурино на УФЦ! Ајде Македонијо…!

Risto dimitrov na UFC

Откако УФЦ најави дека доаѓа во Загреб, Хрватска, така и адреналинот порасна кај регионалните ММА борци, а еден од тие и нашиот Ристо Димитров-Чурино.

Најсилната светска ММА промоција настанот УФЦ Фајт најт Загреб ќе го одржи на 10 април во Арена Загреб. Покрај Загреб, објавена е приредба која треба да се одржи на 8 мај во Холандија.

Менаџерите на УФЦ ги следат и регионалните борци и нудат договор на една борба, со една единствена цел-да ја зголемат популраноста на организацијата, но и да ги заинтерсираат спонзорите, да продадат што повеќе пеј-пер-вју телевизиско лседење на настанот и продажба на местата во Арената во Загреб.

За да ја проверат популраноста на локалните борци, нивните менаџери ги следат нивните објави преку социјалните мрежи и ако популраноста е забележителна ќе понудат договор на еден меч. Затоа да го поддржиме Димитров во напорите да настапи на УФЦ настанот и да си ја оствари животната желба. Тој има два настапи на ФФЦ, како една од најсилните регионлани организации.

Почитувани пријатели на IPON.mk оваа објава лајкувајте и споделувајте, така ќе му помогнеме на Ристо Димитров да настапи на УФЦ. Значи, се следат лајковите, споделувањата и прегледувањето.

„Овие два настани, на сосема нови пазари, се навистина сведоштво за растот на брендот УФЦ. Фановите бараа локални настани во живо и нема да ги разочараме со две неодоливи настани“, коментира Џејмс Елиот, УФЦ ЕМЕА генерален директор и заменик-претседател.

Билети за УФЦ Фајт најт Загреб ќе бидат пуштени во продажба во петок, 12 февруари 2016 година. Билетите може да се купат преку системот за продажба на карти Eventim. УФЦ Фајт клуб членовите имаат можност да купат билети во средата, на 10 февруари, преку www.ufcfightclub.com. Исто така, преплатниците на УФЦ билетнот, ќе имаат предност во однос на другите во купувањето на билети во петок.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО