Ливерпулци сакаат ММА пресметка на „Енфилд“: Дарен Тил го предизвика Конор Мек Грегор

Предизвик на навивачи на Ливерпул на ММА меч, но не коибило, за да решат кој е подобар на стадинот на омилениот клуб – Енфилд роуд. Дарен Тил го предизвика Конор Мек Грегор кој во Лас Вегас на УФЦ 229 загуби со давење од Хабиб Нурмагомедов.

Ирецот е предизвикан од англискиот борец Дарен Тил, кој неодамна го доживеа првиот пораз во кариерата по пресметката соТајрон Вудли за титулата во велтер категорија.

„Ја загубив последната борба, а исто така и Конор. Двајцата сме од Европа и двајцата сме навивачи на Ливерпул, па би можеле да организираме борба на „Енфилд“. Ние сме најголемите ѕвезди од Европа и не е само за пари, туку за борба на еден од најславните стадиони во светот. Знам дека сака борба, не се плаши и не гледам причина зошто не би ја организирале“, рече Тил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО