Александар Емилијаненко ќе се сретне со Франсимир Баросо на РЦЦ 5

Александар Емелијаненко се враќа во кафезот на РЦЦ/RCC 5, кој ќе се одржи на 15 декември. Неговиот противник ќе биде поранешниот борец на УФЦ, Франсимар Баросо. Емилијаненко успеа да забележи 5 победи и 1 нерешен резултат во август против Тони Џонсон. Оваа година Александар се бореше четири пати, а борбата против Баросо ќе биде петиот меч за само една година.

Франсимар исто така ќе влезе во мечот по нерешената средба со Џош Капеленд, која се одржа претходно овој месец. Пред оваа битка тој беше во серија од две последователни победи во ПФЛ. Во почетокот на оваа година тој беше ослободен од УФЦ, затоа што влезе во серија на порази. Заедничкото меѓу Емелијаненко и Баросо е дека и двајцата имаат по четрири борби во 2018 година и ќе се сретнат по нерешените резултати.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО