Вознемирувачка фотографија: Шведски боксер по нокаутот страшен за гледање

Мечот на Антонио Јигат и Иван Баранчјук во Светската боксерска супер-серија во перолесна категорија кој ќе остане запаметена по тешкиот нокаут и бруталната повреда на окото Јигат.

Швеѓанецот сериозно настрада уште на стартот од професионалната кариера. Вакви повреди најчесто се гледаат во борбите во поголемите тежински категории, но неговиот противник покажа дека може силно да удира. Тој го нашушти рингот со голем подлив на окото, поради што навивачите веднаш го нарекоа Квазимодо по главниот лик во романот Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз од Виктор Иго, кој е роден со голема грпка на грбот и деформирано лице.

https://twitter.com/elsaedpecaj/status/1056539246943715328?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1056539246943715328&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fboks%2Fvoznemiruvachki-shvedski-bokser-po-nokaut-izgleda-bukvalno-kako-kvazimodo-foto

„Мечот не мина баш како што планирав. Окото изгледа полошо од што е навистина, имам неколку конци на образот, како и фрактура на вилицата. Ветувам само дека ќе се вратам посилен“, изјави несреќниот Јигат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО