Легендата на светскиот бокс Владимир Кличко размислува за пензионирање

Владимир Кличко со 41 година размислува за пензионирање, иако се уште се чека неговиот одговор за реваншот со Ентони Џошуа.

Тоа го изјави самиот боксер, за време на една свеченост на неговата благотворна организација.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња за пензионирањето размислува да стави крај на кариерата во оваа или на почетокот на следната година.

„Последниот меч против Ентони Џошуа не беше толку многу успешен, но мора да се навикнеш и на такви моменти во кариерата. Не секогаш во животот се случува така како што ќе посакаш. Најважно е од лошото да извлечеш поука. Јас сум таков тип на човек“, вели Кличко.

Украинецот сепак не заборави да потенцира колку години има. Тој откри дека уште сега размислува за тоа што би работел по крајот на кариерата.

„Веќе имам 41 година и размислувам каква кариера да изградам по боксот. Мислам целосно да се повлечам од боксот и не сакам да живеам од старата слава и од спомените на блескавата кариера. Јас секога се движам напред. Секогаш треба да работиш и да имаш мотив да направиш нешто“, рече Кличко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО