Журвалев ја освои привремената титула на Глори, Иносенте го изненади Адегбаи (ВИДЕО)

Павел Журвалев ја освои титулата на привремен шампион на Глори во полутешка категорија.

Украинецот и во реваншот во Њујорк судиска одлука го доби Сол Кавалари.

„Кајман“ ја доби првата рунда. Во втората се обиде со еден неуспешен удар со десницата да ја реши борба, а Бразилецот многу се движеше и повремено погодуваше. Во третата беше слична приказната до моментот кога Кавалари пак не погоди противникот со низок удар. Во моментот на продолжување на мечот штом се поздравија со ракавиците Кавалари со преден удар го погоди во лицето Журвалев што го разбесни Украинцот. Во последните секунди од борбата Журвалев го собори Бразилецот со кроше и ја потврди победата, иако двајца судии мечот го бодуваа со 30-26. Борбата е одржана во три рунди, бидејќи во последен момент беше одлучено дека ќе се борат за привремената титула.

Гуто Иносенте го изненади поранешниот предизвикувач за појасот Бенјамин Адегбаи. Поранешниот УФЦ борец повторно славеше со поделена одлука на судиите и стигна до 4-1 во Глори.

Американецот Кевин ван Ностранд би требало да биде следниот предизвикувач на шампионот во перолесна категоријата Робин ван Росмален. Во полуфиналето на турнирот на предизвикувачи го елиминира Моа Абдурахман по два нокдауни во рундата. Во финалето му се реваншира на Грузиецот Гига Џикадѕе.

Глори 43:
Гуто Иносенте – Бенјамин Адегбаи (поделена одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)

Финале на турнирот во перолесна категорија:
Кевин ван Ностранд – Гига Чикадѕе (едногласна одлука)

Полуфинале на турнирот во перолесна категорија:
Кевин ван Странд – Mo Абдурахман (ТКО, Р1)
Гига Чикадѕе – Алексеј Улијанов (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)

Елвис Гаши – Џош Џонси (ТКО, Р3)

Павел Журвалев – Сол Квалари (едногласна одлука, 30-26, 30-26, 29-28)
Бејли Сугден – Артур Сорсор (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)
Џо Тејлор – Ариел Сепулведа (ТКО, Р2)
Аниса Мекса – Жади Менезес (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)
Итеј Гершон – Рафал Дудек (едногласна одлука; 30-27 × 3)
Ли Ченчен – Теренс Хил (КО, Р1)

https://youtu.be/T53hJ_Q_3oA

https://youtu.be/dDbCcKg5vQM

https://youtu.be/o1FVOY1HX9w

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО