Мусаси дебитира за Белатор против поранешен шампион

Жерард Мусаси (42-6-2) ги дозна противникот и датумот за дебито во Белатор.

31-годишниот Холанѓанец на 20 октомври на Белатор 185 ќе се бори со Александар Шлеменко (56-9).

Бурата е поранешен шампион на Белатор во средна категорија. Во февруари 2015 година Шлеменко го нокаутира Мелвин Манхоеф. Борбата подоцна е поништена кога падна на допинг тетсот. Оттогаш четири меча одработи во Русија, а последниот настап за Белатор го имаше во октомври минатата година, кога со технички нокаут го победи Кендал Грове.

Покрај нив, на Bellator 185 ќе се бор и Мухамед Лоуел против Лиам Гери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО