Гокан Саки доби противник за УФЦ дебито

Кик бокс ѕвездата Гокан Саки (0-1) го доби противникот за дебито за УФЦ.

„Бунтовникот“ ќе дебитира на 23 септември во Јапонија на настанот предводен од Шогун Руа и ОСП.

Противникот во Саитама супер арена ќе му биде Анрик да Силва (12-3, 2-3 УФЦ). 27-годишниот Бразилец во судирот со Турчинот влегува со три последователни порази. Од 12 победи 11 се со нокаут.

Саки не се борел од април 2015 година, кога во Дубаи на поени го победи Себастијан Чобану.

https://youtu.be/e2xtfbj8pDU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО