Лебедев обедини две титули на впечатлив начин (ВИДЕО)

Denis Lebedev vo gard

Денис Лебедев (Русија) на впечатлив начин обедини две од светските титули во полутешка категорија.

Тој во втората рунда го нокаутираше шампионот на Меѓународната боксерска федерација, Виктор Емилио Родригез (Аргентина) на галавечерта во Москва (Русија). Русинот пласира екстремно тешки удари во втората рунда. Јужноамериканецот падна во нокдаун, а подоцнежниот арсенал од погодоци го натера судијата Стив Смагар да ја прекине средбата.

Ова беше 29 победа (22 со нокаут) за Лебедев, кој има и еден пораз. Неговиот ривал е со три порази напроти 22 победи (17 со нокаут) и 1 нерешена.

https://youtu.be/lsGHu3_7xUo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО