Историски медал за Македонија на ЕП во таеквондо- бронза за Петра Матијашевиќ (ФОТО)

Petra Matijasevic

Петра Матијашевиќ (-73 кг) го освои историскиот бронзен медал за Македонија на Европското таеквондо првенство во Монтре – Швајцарија. Ова е прв медал на македонски натпреварувач кој освоил медал на едно европско и светско првенство.

Petra bronza na EP 2016 Montre

Натурализираната Македонка во полуфиналето се сретна со олимписката шампионка Милица Мандиќ од Србија, која неодамна ја победи, но за жал загуби 6-1 и не се пласира во големото финале. Пертходно Матијашевиќ во првото коло ја совлада Шпанката Мариона Лејес Аусио 3-0, а потоа ја совлада и Русинката Арина Животкова со 5-3.

Во финалето Хрватката Ива Радош со 1-0 ја совлада Милица Мандиќ.

Сепак, овој историски медла не ја носи нашата репрезентативка на Олимписките игри во Рио. Со овој резултат Петра собира поени за ОИ 2020 година во Токио-Јапонија.

Таа пред извесно време изјави дека очекува повик од ИОК за учество на Олимпијадата во Рио.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО