Ковалев едвај помина на мерњето за мечот со Канело, се соблече гол (ВИДЕО)

Канело Алварез (51-1-2, 34 КО) и Сергеј Ковалев (34-3-1, 28 КО) го поминаа мерењето пред дуелтот во недела наутро во Лас Вегас во лесно-тешка категорија. Немаше проблем Мексиканецот да влезе во категоријата, тежеше 78,9 килограми. Сепак, ситуацијата со неговиот ривал беше поинаква. Најпрво Русинот испадна дека е околу 100 грама над границата.

Кога се искачи на вагата, Ковалев тежеше 79,8 килограми. Потоа го тргна златното синџирче, а мораше и да се соблече гол, но и покрај тоа, вагата покажа дека е околу 100 грама над дозволената граница.

На 36-годишниот Русин му беше даден еден час да ја симне тежината на 79 кг колку што е дозволено. Сепак, Канело Алварез објави дека дури и да не се случеше тоа, тој ќе излезе да се бори против Ковалев.

„Секако дека ќе има борба. Не можам туку така да ги оставам луѓето. Се чувствувам силно, но ќе видиме како моето тело ќе реагира за време на борбата. Но, верувам во мојата сила и физичкиот капацитет“, рече Алварез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО