Дијаз и Масвидал го одработија мерењето пред пресмтеката во Њујорк (ВИДЕО)

Во Њујорк се одржа мерењето за УФЦ 244.

Во главната борба на вечерта во Медисон сквер гарден, Нејт Дијаз се бори со Хорхе Масвидал. УФЦ за оваа прилика го креираш БМФ/ BMФ (Baddest Motherfucker) појасот, кој на победникот ќе му го подари филмската ѕвезда и поранешен кечер Двејн Џонсон – Рок.

Дијаз тежеше 77,3 и Масвидал 76,9 килограми.

Дарен Тил во последен час успеа да добие виза и стигна на време за мерењето во дебито во средна категорија против Келвин Гастелум.

Њујоршката спортска комисија поведе дисциплинска постапка над Гастелум затоа што на мерењето се потпре на неговиот тренер Рафаел Кордеира. NYSAC по снимката не можеше да утврди дали со стекна предност на мерењето, но направи прекршок заради што дополнително ќе биде казнет.

Во полутешка категорија Бразилецот Џони Вокер против Кори Андерсон ја лови четврта последователна победа од доаѓањето во најсилната светска ММА промоција. По два последователни порази со нокаут (Џими Манува, ОСП) Андерсон со едногласна одлука на судиите нанижа три победи (Патрик Куминс, Гловер Тешеира, Илир Латифи).

40-годишниот поранешен шампион во тешка категорија Андреј Арловски се бори со непоразениот Суринамец Јаирзињо Розенстроик во неговиот трет настап во УФЦ.

Дерик Луис против Благој Иванова ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази. Бугаринот е во серија од две победи.

УФЦ 244:
Нејт Дијаз (77.3) – Хорхе Масвидал (76.9)
Келвин Гастелум (83,5) – Дарен Тил (84,4)
Стивен Томпсон (77.3) – Висенте Луке (77,2)
Дерик Луис (120,2) – Благој Иванов (116,8)
Кевин Ли (70,6) – Грегор Гилеспи (70,5)

Кори Андерсон (92,8) – Џони Вокер (92.9)
Шејн Бургос (66.1) – Макван Амирхани (66)
Бред Таварес (83,8) – Едмен Шахбазијан (83.9)
Андреј Арловски (110,7) – Јаирзињо Розенстроик (111,7)

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО