Конор Мек Грегор за 5 минути ја распродаде 3 арената

Конор Мек Грегор ја распродаде 3 aрената за 5 минути.

Првата прес-конференција за настанот УФЦ 303 ќе се одржи во Даблин на 3 јуни, а која ќе биде предводена од ирската ѕвезда. Кон крајот на јуни „Озлогласениот“ ќе се бори со Мајкл Чендлер во борба во полусредна категорија. Мек Грегор и Чендлер ќе дојдат се соочаат и ќе се расфрлаат со закани и навреди во Даблин, Ирска.

Очигледно, фановите на Ирецот се возбудени што го гледаат, бидејќи за само 5 минути салата беше распродадена. Џон Каванаг го повика УФЦ да отвори повеќе места во салата за да прими уште повеќе фанови на Мек Грегор. Борбата на УФЦ 303 во Лас Вегас ќе биде долгоочекуваното враќање на Мек Грегор, кој е надвор од терените веќе 3 години.

Во 2021 година се бореше за последен пат во трилогијата со Дастин Пориер. Мек Грегор во борбата ја скрши ногата и оттогаш за здравува. Сега е подготвен да се врати, а фановите едвај чекаат да го видат. Дана Вајт и УФЦ очекуваат рекордна продажба, а распродадената 3 арена навестува дека рекордите навистина ќе бидат соборени.

https://twitter.com/mma_orbit/status/1795759509056417933

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО