Кличко: Сите мислат оти сум луд што ќе се борам со Џошуа

Владимир Кличко ќе добие можноста повторно да стане светски шампион во тешка категорија на средбата против Ентони Џошуа на на 29 април на „Вембли“.

Ќе се борат пред 90.000 фанови во Лондон, а тогаш Кличко ќе има веќе 41 година. Сепак, Украинецот е силно мотивиран да му го нанесе првиот пораз во кариерата на британскиот боксер. По многу време Кличко во овој дуел е „аутсајдер“.

„Се прашав себе си, дали ми се допаѓа тоа што го правам? И си реков, „не, Влад, всушност го сакам тоа што го правам“. Тоа е еден од најголемите предизвици во мојот живот до тој момент – да се вратам по 18 месеци и да се сретнам со млад шампион, кој е навистина талентиран, спортсит и сè друго“.

„Јас сум аутсајдер во овој меч, но всушност тоа е возбудливо. Одамна не сум бил во слична ситуација. Се чувствувам како повторно да сум млад. Сакам да го напуштам рингот како шампион и победник. Опседнат сум со таа идеа“.

„Преземам голем предизвик. Многу луѓе мислат дека сум луд тоа што го правам на 41 година – да се сретнам со човек кој е толку млад, силен и страшен, кој ги нокаутира сите. Но, тоа е предизвикот пред мене – го сакам. Опседнат сум со тоа што го правам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО