Мек Грегор, Тајсон, Трамп и екипата „влетаа“ на роденденот на Мејведер (ВИДЕО)

На роденденската забава на Флојд Мејведер, кој минатиот месец наполни 40 години, се појави некои несакани гости, однонсо Конор Мек Грегор, Роберт де Ниро, Џо Пеши, Мајк Тајсон и Доналд Трамп.

Мек Грегор тргна од публиката и во неговиот познат стил вербално го нападна еден од најдобрите боксери во историјата. Барем така изгледаше тоа додека сите гости не сфатија дека, всушност, тоа имитаторот Ал Форан, кој го одработи тоа феноменално.

Форан покрај имитацијата на Мек Грегор одлучи да направи уште на некои личности, односно горенаведените Де Ниро, Пеши, Тајсон и Трамп, а се разбира дека тема на секој од нив беше потенцијалниот меч Мек Грегор и Мејведер, за се зборува веќе неколку месеци.

Погледнете како изгледаше тоа.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО