Габриел Сапта одржа тренинг со три клуба во Кавадарци (ФОТО)

Џудистите од џудо клубовите Сенсеи од Радовиш, Кожувчанка од Кавадарци Гладијатор од Кочани во спортската сала „Јасмин“ оддржаа заеднички тренинг под водство на џудо мајсторот Габриел Сапта кој е анагажиран од Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Џудо федерацијата на Македонија.

Сапта е носител на црн појас, шести дан и има за цел да го унапреди македонскиот џудо спорт за време нанеговиот ангажман од една година.

На џудистите и нивните тренери Наде Ристов, Марјан Колев, Драган Шеќероски и Сашко Ангелов им укажа на повеќе финеси во изведувањето на техниките, посебно во работата со рацете, но и ги запозна со новите правила.

Да потсетиме дека Сапта ги посетува сите грдаови каде што има џудо клубови и ја скенира состојбата, односно  капацитетот на нашите џудисти, по што треба да ги селектира кандидатите за репрезентацијата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО