Каратистите на Борче Лескаровски со нови успеси во Швајцарија

Каратистите на Кашивакан од Бил Бине (Швајцарија) на нашиот докажан тренер Борис-Борче Лескаровски повторно имаа забележителен успех на натпреварите во оваа држава, овој пат освоија 11 одличја од кои 4 се златни, 2 сребрени и 5 бронзени на „СКУ Промо тур“ во Фрибург што се одржа изминатиов викенд, а под покровителство на Швајцарската карате унија (СКУ).

Тимот на Кашивакан настапи со 13 натпреварувачи и освои 11 медали.

Претходно, во швајцарската лига неговите ученици во Нојшател се закитија со 6 медали – 3 сребрени и 3 бронзени.

Сите овие успеси се во пионерска, кадетска и јуниорска конкуренција.

Лескаровски вели дека неговите натпреварувачи се подготвени и очекува големи успеси.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО