Алистер Оверем: Го сакам Бадр Хари, но ќе го победам

Алистер Оверем верува дека ќе излезе како победник во борбата со Бадр Хари.

Викендов двете легенди ќе се судрат по 3-ти пат на настанот Глори Колишн 4 кој ќе се одржи во Арнем. Оверем има скор од 10-4 во кик бокс и е во серија од 5 победнички борби. Во неговата последна борба во кик-бокс во 2010 година, Оверем го нокаутира Питер Аертс.

По оваа средба Алистер се посвети на ММА каде што забележа скор од 47–19 (1). „Рем“ изјави дека го почитува својот противник, но верува во неговата победа.

„Не, немам ништо лично против Бадр Хари. Јас всушност го сакам. Тој беше првиот што ме предизвика на К-1 борба. Ја прифатив борбата и го победив. Сега сме повторно тука и одиме да се бориме. Глори е скоро како К- 1. Подготвен сум да си ја работам работата. Кој ќе победи во третата битка ќе може да се нарече цар.

Секако, по оваа борба ќе има уште една, која ќе биде со Рико Верховен. Тоа е големата забава. Многу сум возбуден за овој викенд. Тренирав со Бадр низ годините. Немам ништо друго освен почит кон него. Да, тој имаше тежок пат во последните години, но покажа убави работи. Знам за што е способен. Тој е еден од пионерите.

Му симнувам капа, тоа ќе биде голема борба. Имаме многу заеднички работи. Хари е ист како мене. Имаше подеми и падови. Има прилично тешка серија која ми покажува некои работи, но нема да ги откријам.

Гледам работи во неговата борба кои ми даваат самодоверба. Верувам дека ќе започне многу агресивно. Неговата најдобра одбрана е нападот. Верувам дека ќе излезам како победник. Ќе биде интересно.

Бадр, те сакам. Ќе се бориме, потоа ќе пиеме чај, ќе се гушкаме и ќе се смириме“, изјави Оверем за Ариел Хелвани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО