Карате федерацијата закажа вонредно Собрание за 15 октомври

Карате федерацијата на Македонија го закажа вонредното Собрание за 15 октомври во домот „Даре Џамбаз“ во Скопје со почеток во 11 часот.

Извршниот одбор на КФМ одлуката ја донел на седницата одржана на ден 28.09.2022 година.

Во 26 септември иницијаторите за свикување на вонредно Собрание за гласање на доверба на претседателот поднесоа барање за одржување на вонредно Собрание подржанo од 30 клуба, со што беа исполнети статутарните одредби.

Барањето во името на иницијаторите за свикување на вонредно Собрание на КФМ го поднесоа Елвир Куртановиќ и Горан Алексов, на кое се имат потпишано речиси сите најквалитетни карате клубови, и што нешто значат во историјатана македнското карате.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО