Поднесено барање за одржување на вонредно Собрание на Карате федерацијата на Македонија

Иницијаторите за свикување на вонредно Собрание на Карате федерацијата на РС Македонија за гласање на доверба на претседателот денес поднесоа барање за одржување на вонредно Собрание подржанo од 30 клуба, со што се исполнети статутарните одредби.

Барањето во името на иницијаторите за свикување на вонредно Собрание на КФМ го поднесоа Елвир Куртановиќ и Горан Алексов, на кое се имат потпишано речиси сите најквалитетни карате клубови, и што нешто значат во историјатана македнското карате.

Сега раководството на КФМ има рок од 30 дена да го закаже Собранието, ако не го направи тоа, тогаш Иницијативниот одбор ќе го свика и ќе го  одржи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО