Боксерски судија: Ми испратија две проститутки за да наместам меч!

Поранешниот боксерски судија Бил Филипс им направи низа скандалозни откритија на колегите од „Тајмс“. Судијата, кој сега има 73 години и е пензиониран од Игрите во Пекинг во 2008 година, упати доста сериозни обвинувања за местење натпревари од претставници на федерациите до Меѓународната федерација ИБА. Според него, штабот е целосно осуден на пропаст и страда од пандемија во однос на корупција и местење натпревари.

Филипс возврати на обидот за поткуп што беше направен против него на квалификациите за Игрите во Пекинг во 2008 година.

„Го распакував багажот кога некој затропа на вратата. Ја отворив и пред мене беше млада девојка, убавица. „Господине Филипс, дојдов да ви правам друштво“, ми рече. Ја испратив и по час-два дојдоа уште две девојки. Почнав да се смеам. Им реков дека не можам да се справам со една, а камоли со две“, открива поранешниот судија.

Тој додава дека на истите квалификации имало и друга слична ситуација.

„Бевме поканети на банкет во сауна, една од вечерите. Имаше маса со вотка и многу храна. Мислев дека е прилично кул. Меѓутоа, во еден момент почнаа да влегуваат жени, сите голи. Испив неколку вотки и заминав. Нема да кажам што се случи со другите мажи, но додека бев таму пешкирот ми остана на мене“, додаде Филипс.

Британецот вели и дека за време на турнирот кај него дошло лице од федерацијата со директен поткуп, што тој го одбил.

„Боксот е корумпиран уште од првиот ден кога почнав“, вели Бил Филипс.

Неговите зборови се уште еден удар против ИБА и обидите на федерацијата да го исчисти својот углед. Минатата недела требаше да се одржат нови избори за претседавач, но тие не успеаја. Потег што ги разбранува духовите, а Меѓународниот олимписки комитет ќе истражи што се случи во Управниот одбор во Ереван. Вклучувајќи го и исклучувањето на украинската федерација како членка на ИБА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО