Каин Веласкез – Френсис Нгану во февруари

Уникатна борба е во процес на развој за дебито на УФЦ на ЕСПН. Поранешниот шампион во тешка категорија Каин Веласкез се враќа и тоа не против когобило да е, туку против опасниот Френсис Нгану.

Според познати извори, договорите се скоро финализирани. УФЦ на ЕСПН 1ќе се одржи на 17 февруари во Феникс, Аризона.

Веласкез не се борел две и пол години, кога на УФЦ 200 го победи со ТКО во првата рунда Тревис Браун. Каин е двократен шампион на УФЦ во тешка категорија и многумина го сметаат за еден од најдобрите спортисти во оваа дивизија. Признание има и од актуелниот шампион и тренинг партнер Даниел Кормиер.

Нгану, иако последните две презентации му беа слаби, е еден од најопасните борци во категоријата со многу впечатлива сила. Во последниот настап забележа победа со ТКО над Картис Блајдс во ноември.

Еве ја фајткартата за УФЦ на ЕСПН 1 до моментов:

Френсис Нгану Каин Веласкез

Џими Ривера Аљамаин Стерлинг

Пол Фелдер Џејмс Вик

Синтија Калвило Кортни Кејси

Андре Фили Жирито на Милс

Александра Албу Емили Витмер

Ешле Еванс-Смит Лорен Марфи

Џоди Есквибел Џесика Пен

Мани Бермудез – Бенито Лопез

Алекс Касерес Крон Грејси

Скот Холцман Ник Ленц

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО