„Трофеј Македонија“ за крај на карате сезоната

Меѓународниот карате турнир „Трофеј Македонија“ се одржува утре во Скопје со почеток од 10 часот во СЦ Кале, со учествуво на каратисти од Албанија, Бугарија, Косово, Словенија, Турција и Македонија.

Како резултат на големиот интерес по повод 50 години од постоењето на каратето во Македонија минатата година и  реализацијата на јубилејниот турнир „Трофеј на Македонија”, падна одлука за традиционално одржување на еден ваков вид меѓународна манифестација.

Потребата за еден ваков чекор доаѓа од масивноста на млади кои се занимаваат со карате, но и големиот број на каратисти кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво“, истакна Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт на заедничката прес-конференција со Карате федерација на Македонија.

На пресот свои излагања имаа селекторите на Македонија во кати и борби, како и нашите најдобри каратисти; Емил Павлов, Берат Јакупи, Ферри Исиќ и Наташа Стефановска. Тие изразија оптимизам дека ќе ја крунисаат сезоната со први места како вовед за тренажниот процес за идната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО