Џошуа: 13 април е резервиран за Вајлдер, јас чекам!

Ентони Џошуа е подготвен на 13 април да се бори против Деонтај Вајлдер.

Откако борбата меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури заврши без победник и одобрувањето на реваншот од страна на ВБЦ, почна да се зборува дека борбата меѓу Џошуа и Вајлдер е се подалечна.

Џошуа гостуваше на ТВ ЕСПН истакна дека има намера да се бори со Вајлдер и дека веќе е подготвен, но Вајлдер не се огласил.

„Вајлдер зборува дека не сакам да се борам со него, но јас сум подготвен и сакам борба против него, веќе на 13 април во Лондон. Не знам што треба да направам за таа порака да дојде до него. Него повеќе го интересираат борби со Фјури кој нема појаси. Не можам да контролирам што Вајлдер и Фјури зборуваат и прават, но можам да контролирам што зборувам и правам јас“.

„Ве уверувам дека сакам да се борам против Дионтеј Вајлдер. Резервирав термин однапред, 13 април на „Вембли“ и мислам дека со тоа јасно покажав што сакам. Што уште треба да направам“, изјави Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО