Јован Лазарев: КФМ не смее да ја рента опремата, бидејќи е донација од јапонската Влада

Пред некој ден објавивме дека Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија донел одлука за изнајмување на опремата. Обрзложението на КФМ е дека „таксата се воведува за амортизација на целокупната спортска опрема и останати потребни реквизити во сопственост на КФМ кои се изнајмуваат на трети лица, клубови членки на Федерацијата, како и на други спортски здруженија за организација на клупски турнири и други видови на натпреварувања или манифестации.

Цената за изнајмување на дел или на целокупната опрема е 12.000 денари дневно“.

Поранешниот претседател на КФМ, Јован Лазарев, има сериозна забелешка на оваа одлука која може да ја налути јапонската амбасада во Македонија и од тие причини бара повлекување на одлуката.

„Известени сме за воведување на нова давачка од страна на Карате федерацијата кон клубовите кои организираат традиционални турнири. Не знаеме која по ред е оваа нова давачка на клубовите кон КФМ, но сметаме дека тааа не треба да се подржи од повеќе причини:

1.Клубовите плаќаат годишна членарина од 10.000 денари;

2.Клубовите плаќаат за регистрација на натпреварувачите секоја година по 600 денари;

3.Клубовите плаќаат за регистрација на тренерот секоја година по 1.500 денари;

4.Клубовите плаќаат котизација за натпревар по 1000 односно 600 денари;

5.Клубовите плаќаат котизација за плејоф натпреварот.

Со воведувањето на оваа давачка ќе придонесе да се откажат клубовите кои одржуваат традиционални турнир. Потсетуваме дека веќе не се одржуваат турнирите на клубовите Маваши, Тигар, Самурај, Јошитака, Скопје, Кичево …

Сакам да ве потсетам дека опремата која најмногу се оштетува е татамито и дека тоа е набавено (600 метри квадратни) од моја страна во 2006 година, како донација од јапонската Влада, со која склучивме договор дека истата ќе се користи за развој на карате спортот и таа не смее да се рента и од неа да се остварува приход.

Тоа беше една единствена донација и од тогаш никој не се потруди да обезбеди опрема со донација.

Од друга страна повеќе клубови имаат свои татами и ренатаат само 3 телевизори и лаптопови. Таков беше случајот при одржување на ланскиот турнир Куп на Скопје „13 Ноември“, каде рентавме само ограда, телевизори и лап топови. Другиот дел на опремата лед екран и татами сами ги обезбедивме. Дали за рентање на ограда и телевизори ќе треба да плаќаме по 12.000 денари?

Од тие причини повикувам за преиспитување на оваа одлука и да ја укинете истата“, вели поранешниот претседател на КФМ Јован Лазарев и тренер на КК Цветан Димов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО