Украле 7.000 долари од ММА борец во Тајланд

Казахстанскиот ММА борец Артем Резников пријавил дека бил ограбен додека бил на одмор во Тајланд.

31-годишниот ММА борец се натпреварува во лесна категорија на чеченската АЦА лига. Резников се пласира во финалето на АЦА турнирот во лесна категорија. Тој ќе се бори со другиот финалист за 1 милион долари подоцна оваа година.

Артем е во серија од 10 последователни победи и нема пораз од 2016 година.

„Добро утро во Пукет! Отидовме во вилата и додека спиевме не ограбија! Тие зеле 7.000 долари. Па, барем ни ги оставија пасошите. Многумина нудат помош, благодарам.

Имам пари на сметката. Се е во ред, важно е документите да се на место. Внимавајте, се надевам дека мојот пример ќе ви биде поука.

Чувајте ги парите кај вас“, напиша Резников на социјалната мрежа.

Вкупно, Резников има 24 победи и 6 порази во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО