Ја одложуваат големата пресметка меѓу Фјури и Усик

Френк Ворен, промотер на ВБЦ шампионот во тешка категорија Тајсон Фјури, зборува за одложување на борбата меѓу Џипси Кинг и Aлександaр Усик.

Досега се веруваше дека долгоочекуваната средба ќе се одржи на 4 март 2023 година, но сега е извесно дека тајмингот се менува. Според Ворен, борбата би можела да се одржи кон крајот на март или почетокот на април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iFL TV (@ifltvboxing)

„Поминавме долг пат, но има неколку работи на кои сè уште треба да работиме. Се трудиме што поскоро да го објавиме времето на дуелот меѓу Усик и Фјури. Планираме да добиеме неколку предлози оваа недела за Тајсон да размисли. Се надевам дека Фјури и Усик ќе се соочат кон крајот на март или почетокот на април. Тоа е она на што го разгледуваме во моментов. Да ги стискаме палците. Верувам дека овој настан сигурно ќе се случи“, рече Ворен за Токспорт.

Информациите се изненадувачки на позадината на заканите кои непоразените боксери почнаа да ги разменуваат на социјалните мрежи. Сепак, очекувањата се дека ќе има борба, бидејќи тоа го посакуваат и двата табора. Фјури и Усик треба да го одредат првиот апсолутен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО