КФМ ќе ја изнајмува опермата на клубовите за 12.000 денари дневно

Карате федерацијата на Македонија на 6 јануари донесе одлука за воведување на такса за амортизација на спортска опрема.

Таксата се воведува за амортизација на целокупната спортска опрема и останати потребни реквизити во сопственост на КФМ кои се изнајмуваат на трети лица, клубови членки на Федерацијата, како и на други спортски здруженија за организација на клупски турнири и други видови на натпреварувања или манифестации.

Цената за изнајмување на дел или на целокупната опрема е 12.000 денари дневно.

Вкупниот износ за изнајмување на опремата треба да се уплати на сметката на КФМ најдоцна 30 дена пред почетокот на предвидениот настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО