Дарко Стошиќ се бори против опасниот Газиев за шампионскиот појас на Брејв

Минатата година српскиот ММА борец Дарко Стошиќ се бореше против Фил Де Фрис за титулата шампион во тешка категорија на КСВ. Англичанецот во петтата рунда го совлада Дарко со прекин и го одбрани појасот.

Сега доби шанса повторно да се бори за титулата во Брејв.

На настанот Брејв 69 што ќе се одржи на 18 февруари во Белград ќе настапи Дарко Стошиќ (17-5), а противник ќе му биде непоразениот Шамил Газиев. Рускиот борец кој се натпреварува за Бахреин има девет победи во кариерата.

Имаше добра аматерска кариера во која загуби само два меча. Настапи во Арес и Брејв, а од девет победи, осум се со прекин.

На крајот на октомври минатата година, на настан во Брејв, со прекин во втората рунда го победи Павел Даилидко.

Програмата на манифестацијата за боречки вештини во Белград со таа борба стана уште побогата.

Веќе се договорени борбите меѓу Александар Илиќ и Бразилецот Клебер Соуса, и финалистите од Армагедон лигата, Патрик Челиќ и Александар Терзиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО