Јасин Лама во кампањата против насилството и говорот на омраза

Освојувачот на „Златниот гонг“ Јасин Лама кон крајот на минатата година (последните денови од 2019 година) учествуваше во Кампањата против насилството и говорот на омраза на ЈСП Скопје насловена како „Насилството раѓа насилство, сопри го, не го разгорувај!

Со ова нашиот најдобар боксер покажа зошто боксот е благородна вештина и ги повика младите да спортуваат и да се изградат како личности кои енергијата ќе ја насочуваат во убави работи.

Ианку, боксерот на БК Чаир има индивидуални тренинзи во пресрет на Меѓународниот турнир Странџата во Бугарија, а главна цел се европските квалификации во Лондон за Олимписките игри во Токио. За Лондон патува на 24 март.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО