Погледнете како реагираше Хабиб на борбата меѓу Мек Грегор и Алдо

Хабиб Нурмагомедов во минатото беше голем обожавател на Конор Мек Грегор, но работите се сменија додека не се вкрстосија нивните патишта. Се пресметаа на еден од најголемите судири во историјата на ММА. Хабиб го победи со завршница Мек Грегор во 2018 година во Вегас, а нивната борба стана најпродавана во историјата на УФЦ.

Овој викенд, Конор Мек Грегор се враќа во борба против Доналд Цероне на УФЦ 246 во Вегас и ќе ја бара својата прва ММА победа по три години. УФЦ даде голем публицитет пред да се врати нивната голема ѕвезда.

Организацијата неодамна објави невидено видео во кое се гледа реакцијата на Хабиб, откако Мек Грегор го нокаутира Жозе Алдо за 13 секунди.

Еве како реагираше на Нурмагомедов, која очигледно е шокиран од овој нокаут:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО