Конор Мек Грегор: Ќе направам магија на средбата со Доналд Цероне

Конор Мек Грегор верува дека борбата меѓу него и Доналд Цероне ќе биде незаборавна. „Озлогласениот“ ќе се врати за 6 дена на УФЦ 246 каде што Вегас ќе се бори против Цероне во полусредна категорија.

Ирската ѕвезда ќе ја бара својата прва ММА победа по 3 години. Конор е возбуден поради претстојната средба и ветува дека ќе направи магија и нешто посебно против Каубојот.

„Ви кажав дека ќе се борам со него, зарем не? Двајцата имаме приказна, која не е долга, но ја имаме. Битката е возбудлива. Тоа е борба за навивачите што навистина ме возбудува. Ќе ви кажам дека го ценам Цероне. Помина многу време откако последен пат се видовме на прес-конференцијата за битката со Алдо.

Тој е семеен човек и такви нешта. Ми се допадна начинот на кој зборуваше за моето виски. Напорно работам на тоа и убаво е да се види почит. Го ценам тоа и немам трпение за мечот. Драго ми е што се вратив и првата борба од мојата сезона ќе биде средба со Доналд.

Ќе биде убава вечер и ќе бидам тука во Вегас. Ќе направам магија во кафезот, како што правев и порано. Овој пат ќе биде нешто посебно“, рече Конор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО