Усик очекува борба со Џошуа оваа година

Александар Усик е еден од двајцата задолжителни предизвикувачи на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО на шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа.

Засега си чини дека е во предност предизвикувачот на ИБФ, Кубрат Пулев, но Украинецот не планира долго да ја чека долго за својата прилика.

Џошуа и Пулев имаат рок од 31 јануари да постигнат договор, а доколку биде така Усик на 7 март треба да се бори против Дерек Чисора.

Ако ВБО не се согласи со Џошуа и решат да му го одземат појасот Усик би се борел против највисоко рангираниот слободен противник, а тоа е поранешниот шампион Џозеф Паркер.

„Борбата за појас со Чисоар е невозможна. Ако дојде до тоа титулата на ВБО да стане испразнета Усик радо ќе се бори за неа. А Џозеф Паркер е највисоко рангиран предизвикувач“, рече Александар Красјук кој копромотор на Усик со Еди Херн.

„Усик ќе се бори против Џошуа и тоа е факт. Само прашање е дали тоа ќе биде во следната борба или во онаа по неа. Во моментов ја чекаме одлуката на ЕЏ“.

Менаџерот на Паркер, Дејвид Хигинс веќе потврди дека Паркер радо повторно би се борел за појасот на ВБО во тешка категорија.

„Би можеле да завршиме со ситуација Усик и Паркер да се борат за испразнета титула, што помалкку е смешно, затоа што Џозеф така и стана светски шампион. Се бореше со Енди Руиз за испразнетата титула. Историјата се повторува“, рече Хигинс.

Паркер ја освои титулата на ВБО која ја ослободи Тајсон Фјури во декември 2016 година победувајќи го со мнозинската одлука Енди Руиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО