Поветкин во следниот меч би можел да се бори против Дилиен Вајт

Дилиен Вајт (27-1, 18 КО) неодамна изрази желба во следниот меч во рингот да се сретне со Александар Поветкин (35-2-1, 24 КО).

Желбата би можела да ну се оствари затоа што рускиот ветеран исто така е заинтересиран да се бори против привремениот шампион во тешка категорија на ВБЦ.

„Поветкин беше заинтересиран да се бори против Вајт и пред да стане задолжителен предизвикувач на Ентони Џошуа. Сè уште не сме почнале конкретни разговори, но слушнавме дека постои интерес“, објави промоторот на Поветкин за „Светот на боксот“.

Вајт е задолжителен предизвикувач на Дионтеј Вајлдер, но нема намера да чека дури до идната година за неговата борба за светската титула.

И тој и Поветкин соработуваат со Еди Херн и за последен пат боксираа во декември на настанот на Саудиска Арабија на кој Ентони Џошуа го победи Енди Руиз и стана двократен светски шампион во тешка категорија.

Четириесетгодишниот Русин одработи меч без победник со Мајкл Хантер, но беше малку поблизу до победата, а Вајте го победи Мариуш Вах потешко отколку што се очекуваше со едногласна одлука по 10 рунди. Јамајканецот влезе во борба со рекордни 123 килограми.

„Еди Херн во едно интервју го спомена 18 април како датум, така што мислам дека борбата би можела да се случи тогаш. Веројатно во Лондон или Манчестер. Ако Поветкин сака може да добие. Toа ќе биде мавање, затоа што тој не е боксер кој многу се движи, а ниту јас. Ќе се испотепаме. Поветкин секогаш доаѓа да се бори, зарем не? Тој не се шегува, јас сум исто таков и затоа одиме. Ајде да видиме кој има најдобро лево кроше“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО