На Патрис Квартерон пукано од огнено оружје

Познатиот француски борец Патрис Квартерон беше цел на напад со огнено оружје.

Повеќе истрели биле испукани во неговиот дом во средата околу 8 часот, но борецот и неговото семејство не биле во домот, пренесува Ле Паризиен.

Нападот се случил во јужното предградие на Париз кон Корбел-Есон, при што напаѓачите пукале над оградата на големиот имот на кој живее пензионираниот борец.

„Целта на нападот сигурно не била убиство. Нападот е извршен врз сместување на чуварите. Веројатно тоа било чин на заплашување“, рече еден од членовите на семејството на сопственикот на имотот.

Квартерон е во спор со сопствениците на имот кои сакаат да се исели, а тој го одбива тоа.

Борецот е доведен на имотот како телохранител на милијардерот Серж Десолт, поранешниот француски сенатор и градоначалник Корбел-Есон, чие богатство се проценува на 15 милијарди долари.

Нападот би можел да биде дел од спорот, бидејќи откако милијардерот почина во мај 2018 година, семејството повеќе не го посакуваше Квартерон на имотот и го тужеше за иселување.

Тензиите меѓу семејството и борецот растеа последните месеци. Квартерон доби и анонимно видео со кое му се закануваа, па го проследи до полицијата.

40-годишниот Квартерон се пенизонира во март минатата година. Во текот на кариерата ги победи Џевад Потурак, Боб Сап, Андреј Герасимчук, Фредерик Синистру, Фабрис Ауриенг, Ешвин Балрак, Серж Гур и Брис Гвидон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО