Јаир Родригез со прекин во првата рунда славеше над Брајан Ортега кој го повреди рамото

Мексиканецот Јаир Родригез го победи американскиот борец Брајан Ортега со прекин во првата рунда во главната борба на УФЦ на АБЦ 3 настанот во Њујорк.

Родригез (14-3, 1 НЦ) така стартуваше со победа по поразот од Макс Холовеј, додека Ортега (15-3, 1 НЦ) го губи втор пат по ред, минатиот септември загуби во борбата за титулата против шампион Александар Волкановски.

Американецот прв нападна и го притисна Родригез на оградата. По некое време без акција борците ја продолжуваат борбата на нозе, а потоа Родригез со неколку удари го погоди Ортега, кој ја префрли борбата на партер.

Јаир се обиде да се закани со „армбар“, а Брајан го фаќа за рамо откако се извлече. Неговата болна гримаса на лицето јасно покажа дека не може да ја продолжи борбата.

„Кога бевме на партер, отидов кон раката и силно ја фатив, обидувајќи се да ја оттурнам за да ја фатам во долниот дел“, рече Јаир Родригез и додаде:

„Мислам дека во тој момент додека се обидуваше да ја извлече раката, ја видов неговата болна гримаса на неговото лице. Нешто се случи. Ме фати за рамо и престанав да се борам. Сфатив дека нешто се случува и го пуштив. Го прашав: „Еј, што се случи“? А тој одговори: „Ох, моето рамо, моето рамо“.

Во конасловната борба Аманда Лемос со гилотина во втората рунда ја победи Мишел Ватерсон.

Џинглијанг Ли го победи Муслим Салихов со прекин во втората рунда, додека Лорен Марфи со едногласна одлука на судиите беше подобра од Миша Тејт.

Резултатите од УФЦ на АБЦ:
Јаир Родригез – Брајан Ортега – ТКО, Р1 (4:11)
Аманда Лемос – Мишел Вотерсон – завршница (гушење со гилотина), Р2 (1:48)
Ли Џинглијанг – Муслим Салихов – ТКО, Р2 (4:38)
Мет Шнел – Су Мудаерџи – техничко завр. (триаголник), Р2 (4:24)
Шејн Бургос – Чарлс Журден – мнозинска одлука (29–28, 29–28, 28–28)
Лорен Марфи – Миша Тејт – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)

Воведни борби:
Пунахеле Соријано – Далча Лунгиамбула – КО, Р2 (0:28)
Рики Симон – Џејк Шор – завр. (гушење со рачен триаголник), Р2 (3:28)
Бил Алгео – Херберт Барнс – ТКО, Р2 (1:50)
Дастин Џејкоби – Да Ун Јунг – КО, Р1 (3:13)
Дастин Штолцфус – Двајт Грант – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Емили Дукот – Џесика Пене – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC.GRIZZLY ™ (@ufc.grizzly)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA (@bestfightfinishes)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО