Чарлс Оливеира против Ислам Махачев на УФЦ 280! Вајт: Сите сакаат да ја видат оваа борба

Најдобриот борец во лесна категорија Чарлс Оливеира ќе настапи на 22 октомври на настанот УФЦ 280 во Абу Даби против Ислам Махачев.

Бразилскиот борец во очи на последниот меч во мај против Џастин Гејџи остана без појасот, бидејќи на официјалното мерење беше 200 грама потежок од дозволената граница.

Тогаш УФЦ 274 До Бронкс го победи со завршница во првата рунда (гушење од позади) Џастин Гејџи.

„Тој е шампион, но технички не е шампион“, рече претседателот на УФЦ, Дана Вајт и продолжи:

„Само борбата меѓу Оливеира и Махачев има смисла во Абу Даби. Сите ја сакаа таа борба и ја договоривме. Мислам дека сите сакаат да го гледаат тој натпревар, затоа и го направивме“.

Ќе биде фантастичен меч меѓу двајца врвни борци, Оливеира има 11 победи во низа, а Махачев десет!

Во последните неколку недели се појавија неколку потенцијални кандидати за мечот против До Бронкс.

Имено, интерес за преселба во повисока категорија покажа шампионот во перо категорија Александар Волкановски, а таму беше и Ислам Махачев, а се споменуваше дури и Конор Мек Грегор.

Но, со оглед на тоа што Волкановски мораше да оди на операција на раката, а на Мек Грегор му треба малку време да се врати на теренот по тешката повреда, Махачев останува единствениот предизвикувач кој заслужува шанса да се бори за шампионскиот појас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО