И Мејвдер се подигрува со Мек Грегор

Поранешниот светски шампион во бокс, Флојд Мејведер, ја критикуваше суперѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, кој загуби со нокаут од Дастин Порие. Во август 2017 година, Мек Грегор дебитираше во професионалниот бокс против Мејведер и загуби со нокаут во десетата рунда.

Во последните неколку години, Мек Грегор се обиде да го врати Мејведер во рингот, но не успеа. Потоа се насочи на боксерски меч со актуелниот шампион на ВБА, Мани Пакијао.

Во моментов се водат преговори за организација на средбата Пакијао – Мек Грегор за оваа година.

„Светот знае дека измамникот Мек Лузер може да украде сè од мене и да биде сакан, а поради некоја причина тие ме мразат. Само уште еден факт е дека расизмот сè уште постои. Само знајте дека овој скитник никогаш нема да биде на мое ниво. Само што сум создаден поинаку, моето размислување е на друго ниво, моите вештини се неспоредливи, јас сум роден победник. Да, велам многу глупости, но секогаш кога сум одговорен за своите зборови. И тоа е она што сите го мразат“, рече Мејведер.

„Тажно е, што може да си лош црнец од гетото кој цел живот се бори против расизмот и работи многу напорно за да обезбеди подобар живот за себе и за своето семејство, аа на крајот најголемиот дел од омразата доаѓа од моите луѓе.

Конор не може да победи ниту во својот спорт, а зборува за враќање во боксот, за да се бори против Пакијао. Никој не сака да го гледа ова – еден мој отпадок јаде друг таков“, додаде Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО