Дана Вајт ги објави кандидатите за титулата во лесна категорија

Победниците на УФЦ 257 Дастин Пориер и Мајкл Чендлер ќе се борат за испразнетата титула во лесна категорија на УФЦ, доколку актуелниот шампион Хабиб Нурмагомедов не сака да го брани појасот против ниту еден од нив. Ова го соопшти на прес-конференција претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

„Веќе разговарав со Хабиб и тој ми рече: „Дана, биди искрен со себе – јас сум за неколку нивоа подобар од овие момци, ги победив““, рече тој.

„Не знам што ќе направи, но не звучеше многу позитивно. Па да видиме. Претходно реков – тој нема да ја кочи категоријата и е формално пензиониран. Јас бев тој што се обиде да го убеди за друга битка. Сепак, нема да брзаме со ова, бидејќи двете момчиња кои се бореа и победија денес нема да можат наскоро да се вратат во октагонот. На еден или друг начин, ќе го решиме овој проблем. Ако Хабиб не се бори, Порие и Чендлер ќе пресметаат за испразнетата титула“, додаде Вајт.

Сепак, Дастин Пориер, кој го нокаутира Конор Мек Грегор во втората рунда, веднаш се изјасни против идејата на Дана Вајт.

„Не, борбата со Чендлер нема смисла. Го почитувам Мајкл, извојува голема победа. Но, го победи момчето што го победив во претходната битка, а веќе да има меч за титула? Имам 28 борби во УФЦ и се борев со најтешките момци во светот за да дојдам до тоа. Чендлер мора да се бори против Чарлс Оливеира, затоа што не ми е гајле за таква борба. Подобро да продавам сос“, рече Пориер.

„Мислам дека Оливеира заслужува поголема борба за титулата, бидејќи ја немаше таа можност. Неодамна Гејџи се избори за титулата и загуби. Би го избрал Оливеира или ќе ги оставам да се борат меѓусебно и тогаш ќе видиме кој заслужува повеќе“, додаде Дастин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО