Конор Мек Грегор: Возбуден сум за трилогијата со Пориер

Конор Мек Грегор објави изјава на социјалните мрежи по поразот во Абу Даби. „Озлогласениот“ во пресметката со Дастин Порие на УФЦ 257 на островот Јас беше нокаутиран во втората рунда.

Конор не планира да престане да се бори и едвај чека повторно да влезе во кафезот. На својот профил на социјалните мрежи, тој изјави дека е возбуден од трилогијата и ќе се подготвува за тоа.

„Ви благодарам на сите за поддршката Не беше мојата ноќ / утро во Абу Даби. Возбуден сум за трилогијата што сега ја имам во свои раце.

Дастин е пеколен борец и едвај чекам повторно да го направиме тоа. Ја кревам ногата и духот на патот кон дома. Бог да не благослови“, изјави Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО