И Дана „ го потврди“ скорешното доаѓање на Федор во УФЦ: Се чека само објавата?!

fedor_dana

Ако знаете да читате меѓу редови, тогаш вчерашната твитер пораката на Федор Емилијаненко даде на знаење дека Последниот император е на вартите на УФЦ. Да потсетиме еден од најголемите на сите времиња на Твитер објави фотографија, а всушност тоа е фотомонтажа од себе како позира на мерење пред Дана Вајт.

На фотографијата на руски беше напишано „Наскоро“.

 Денеска приказната доби продолжение, односно потврда од страна на претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Тој одговори на оваа Твитер „закачка“ и стави слика од „смајли“, што пак е, чита меѓу редови, знак дека двоецот ја договорил соработката.

 Самата комуникација на Твитер меѓу нив дава одредено знаци, како и пораката директорот на Белатор, Скот Кокер, дека со Федор не разговарале. Ако ги знаеме финансиски апетити на Последниот император, знаеме дека УФЦ и Белатор (и по некоја јапонска промоција) се единственита што може да си ги дозволат услугите на шампионот на Прајд.

 Затоа, сосема е извесно дека во наредните денови ќе пишуваме за потписот на Федор за УФЦ!

 Ќе биде интересно да се  вадат сите оние статии од пред неколку години, во кои Дана Вајт ги омаловажува ликот и делото на легендарниот борец, анеговиот менаџер го нарече „Vadummy“ или во превод – будалетинка. Најверојатно сега дана ќе ја пормени плочата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО