Дејан Стефановски против Јасмин Вршкиќ во Велес, а пред неколку дена се откажа од борбите!

Dejan Stefanovski vo Napad

Дејан Сетфановски на својот Фејсбук профил најави нова ММА борба во родниот Велес на 24 октомври против Јасмин Вршкиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 80 кг.

„Конечно пред моја публика! Да ја поправам лошата победа во Сплит! Едвај чекам“, напиша Стефановски!

Да потсетиме дека тој пред десетина дена во Сплит на Сикст фајт најт 2 ја извојува втората победа по ред, откако претходно тоа го направи и во Никшиќ во Црна Гора.

Борбата ќе биде во склоп на регионална придеба од Сикст фајт најт, каде што како домаќин ќе се појави ММА клубот „Будо“ од Велес.

Од друга стран, само пред неколку денови, исто така на Фејсбук, Стефановски напиша статус:

„За жал, веќе нема да се борам, затоа што има многу луѓе кои ми љубоморат, бидејќи многу брзо се протнав. Сепак, никогаш нема да се кајам што сум го тренирал овој спорт, затоа што, дефинитивно, е најубав спорт“.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО