Директорот на АСМ и стручниот штaб задоволни од 100 отстониот учинок кик бокс репрезентацијата на ЕП!

reprezentacija kik boks za EP San Sebastijan

Освојувачите на медалите од Европското првенство во кик бокс за јуниори и кадети во Сан Себастијан, Шпанија, од 22 до 29 август, заедно со селекторот и тренерот на репрезентацијата, како и претседателот на Македонската кик боксинг федерација денес имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, при што одржаа и заедничка прес-конфренција.
Сапсески изрази големо задоволство поради успехот на македонската кик-боксинг репрезентација во младинските категории, на неодамна завршеното ЕП за кадети и јуниори.

reprezentacija kik boks na press za EP

„Постигнаа одлични резултати и ја претставија Македонија во вистинско светло. Постигнатите резултати се доказ дека македонскиот кик-бокс има светла иднина. Овие млади спортски надежи продолжија да чекорат по стапките на нивните постари колеги, кои во континуитет постигнуваат врвни резултати на меѓународните натпреварувања“, рече Спасески.
Тој упати честитки до освојувачите на медалите, до претседателството на федерацијата, до нивните тренери и целокупниот стручен штаб за нивните заложби и влогот кој го даваат во промоција на македонскиот спорт.
Ја користам оваа прилика на нашите репрезентативци (Марија Божиновска, Бобан Илиоски и Хадис Рамадани) да им го честитам успехот и да им посакам уште многу вакви блескави моменти во нивната спортска кариера“, додаде директорот на АМС и соопшти дека неговата институција и понатаму ќе го поддржува овој трофеен спорт во нашата земја, како финансиски така и логистички.
Македонските кик боксери на ЕП во Сан Себастијан имаа 100 процентен учинок, односно сите тројца натпреварувачи освоија медали. Божиновска и Илиоски освоија сребрени медали, Рамадани бронзен. На шампионатот настапија преку 1.300 натпреварувачи од 34 земји.

Kik boks press za EP San Sebastijan
Претседателката на Македонската кик-боксинг федерација, Александра Неделковска, информираше за донесената одлука на Европската федерација во Сан Себастијан, Македонија да биде домаќин на ЕП за кадети и јуниори во 2017 година.
„Благодарение на поддршката од АМС успеваме насекаде низ светот достојно да ја претставуваме нашата земја. Со тоа што ни ја доделија организацијата во 2017 година, Европската федерација потврди дека на претходните две првенства сме биле добри домаќини, а тоа беше констатирано и на состанокот на Бордот на директори на Светската и Европската федерација во Сан Себастијан“, нагласи Неделковска.
Ова за Македонија ќе биде трето големо натпреварување како домаќин по ЕП за сениори во 2006 година и СП за сениори во 2011 година.

Од АСМ истакнаа дека ги поддржуваат активностите на кик бокс репрезентацијата со 1.000.000 денари годишно. Од друга страна, не се сомневаат дека Македонија ќе биде добар домаќин и организатор.

И селекторот на репрезентацијата, Дејан Митровски, искажа задоволство од успехот, укажаувајќи дека успехот можел да биде и поубедлив да немало проблеми во текот на подготовките, но и на самото првенство, со симнувањето на килажата.

„Останува да се подготвуваме за наредните првенства, односно за Државното сениорско првенство, што ќе се одржи на 19 септември и ќе биде изборно за Светското сениорско првенство во Белград“, истакна Митровски.

Тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски, исто така го нагласи задоволство од постигантите резултати со забелешка:

„Имавме мал хедикеп, бидејќи Бобан Илиоски и Марија Божиноска имаа повреди од Балканското првенство, така што ако сработевме се како што беше зацртано ќе имаше и златен медал. Тоа беа убави борби со добри техники. Се надеваме дека сениорите ќе имаат подобри резултати“, истакна Атанасовски.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО