Тренерот на БК Вардар е одликуван со највисокото признание во Русија-„ Заслужен тренер“!

Gajdarov priznanie

Тренерот на БК Вардар, Гајдар Гајдаров, доби големо признание во неговата татковина, односно тој е одликуван од претседателот на Р. Дагестан, Русија, со „Заслужен тренер“, за својата работата како тренер по борење. Тоа е највисокото призннаие во Дагестан.

Наградениот Гајдаров, кој вели дека Македонија ја чувствува како втора татковина, за порталот вардарфанс.мк за признанието вели:

Оваа награда претставува признание за докажаниот успех во мојата тренерска кариера. Ова признание и награда е доделена лично од Претседателот на Република Дагестан, Рамазан Абдулатиов, а ми е врачена од министерот за спорт Магомед Магомедов. Со оваа награда се здобивам со титулата Заслужен тренер што е највисоко одликување во Русија.

Гајдаров, Нуров и Пешко
Гајдаров, Нуров и Пешко

 За неговите планови со БК Вардар истакнува:

За многу кратко време од БК Вардар успеавме да избориме пласман во репрезентацијата на Македонија, дури и да освоиме бронзен медал на Европското првенство во Полска У-23. За развитокот на македонското борење? Планираме развој на македонското борење и поголема масовност во училишниот спорт и учество на професионални тренери. Во иднина, се надевам, дека од БК Вардар ќе избориме место во репрезентацијата во сите категории (кадети, јуниори, сениори).

На крај Гајдаров завршува со оваа мисла : Република Македонија ја чуствувам како втора татковина , овде стекнав многу пријатели , овде луѓето едноставно се прекрасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО