Холифилд: Пакијао ќе го победи Мејведер! (ВИДЕО)

Holifild pakijao

Четирикратниот светски шампион во тешка категорија, Ивендер Холифилд, го посочи Мани Пакијао за фаворит во натпреварот против Флојд Мејведер. Главниот аргумент на американската легенда е дека, порано или подоцна, секој е подложен на пораз. Досега Мејведер има 47 победи од 47 натпревари.

„Самиот меч ќе биде оспоруван“, – смета Холифил и додава дека Пакијао ќе победи со судиска одлука.

„Потоа, прашање на време е, кога ќе стане јасно дали Мејведер повторно ќе боксира. Ќе биде важно да се разбере дали тој има направено доволно пари. Веројатно ќе се направи уште еден натпревар, бидејќи по договорот има реванш со Пакијао, а тоа се уште 100 милиони долари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО